Старата љубов никогаш не умира, Барса повторно сака Србин?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Два пати пробаа да го доведат, дали овој пат патиштата ќе им се вкрстат?

    Кастинг за десен бек трае, Барселона има седум имиња на списокот, потребен им е искусен играч во јануари, наместо Видал кого ќе го пуштат бидејќи не се снајде по доаѓањето од Севиља.

    Мали се шансите да стигне Португалецот Кансело бидејќи е прескап, а и Јувентус тешко ќе го пушти Стефан Лихштајнер пред истекот на договорот на лето.

    Во истиот случај е и Бранислав Ивановиќ, но капитенот на Србина не игра, Конте бара уште еден дефанзивец што може да значи зелено за Србинот да се пресели во Шпанија шест месеци пред истекот на договорот.

    Се споменува уште Дармијан, но се чини дека за тоа се мали шансите, Дарио Срна беше во конкуренција, но после повредата и со оглед дека е неколку години постар од Бане, се чини дека шансите за одличниот Хрват се уште помали.

    Зависи од Челси, односно од Конте, во овој момент е јасно дека тој не смета на Ивановиќ, а со оглед дека Сините не играат во Европа, немаат ни многу натпревари, а и тоа дека Србинот нема ни минутажа.

    Бане Ивановиќ беше на мета на Пеп Гвардиола уште на почетокот на деценијата, но немаше некои шанси Челси да го пушти.

    Кога Барса ја реновираше одбраната во 2013 година истотака беше на списокот на желби, поради тоа што добија негативен одговор околу Тијаго Силва и Давид Луиз. Имено, истотака Каталонците веруваа дека Ивановиќ е решение во стоперскиот тандем со Пике, но и дека поради својата универзалност требаше да биде и конкуренција на Алвеш.

    Во секој случај, тогаш Челси не сакаше да го продаде, сега може да ја прифатат понудата на полусезона, шест месеци пред истекот на договорот.

    Јасно, Ивановиќ може да се договори и за лето со Барса и како слоободен играч да стигне на Ноу Камп, но на Луис Енрике десен бек е потребен одма.