Заборавениот Черчи конечно најде нов клуб?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Некогашниот фудбалер на Торино, Алесио Черчи, после позајмиците во Милан и Џенова во ова лето се врати во Атлетико Мадрид.

    Черчи во Атлетико Мадрид премина во лето 2014 година од Торино, но се испостави дека е многу лош потег за италијанскиот фудбалер.

    Овој играч играше на позајумица во Милан и Џенова, но не успеа да ги увери челниците на овие клубови да го откупат неговиот договор.

    После што во ова лето се врати во Мадрид, Черчи поголем дел од натпреварите ги следеше од трибините.

    Италијанските медиуми наведуваат дека Черчи веќе во јануари ќе го напушти шпанскиот клуб, и дека најверојатно повторно ќе се врати во Италија.

    Наводно, Черчи има понуда од Лацио и Болоња да дојде на позајмица до крајот на сезоната.

    Сепак, Черчи наверојатно ќе го избере Лацио кој му вети дека ќе му понуди договор на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот со Атлетико Мадрид.