До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се чека само потпис…
Каде на стартот, таму и на крајот. На истото место каде што ја почна професионалната кариера, Лео Меси и ќе ја заврши.
Барем така не уверуваат челниците на Барселона, конкретно претседателот Хосеп Марија Бартомеу, оправдувајќи ги сомнежите на медиумите од Мадрид дека Аргентинецот може да го напушти стадионот Ноу Камп на лето 2018 година
„Веруваме дека имаме екипа составена од неверојатни играчи. Сите се неверојатни, но еден од нив е лидер. Нормално, се работи за Лео Меси, чија популарност е планетарна. Убедени сме дека Меси својата професионална кариера ќе ја заврши во Барселона.
Поготово што во последните години тој го водеше тимот кон големи спортски успеси“, соопшти Бартомеу на свеченоста при потпишувањето на спонзорскиот договор со јапонската компанија Ракутен.
Во истата прилика, Бартомеу наведе дека Лео Меси наскоро повторно ќе биде дел од мартетиншските активности на клубот, во што затаи во последните недели. Тоа се протолкува како прв сигнал дека Аргентинецот е спремен да потпише нов договор.
Дури постои наговестување дека тој потпис начелно е договорен и дека во наредните недели треба да се очекува тој да биде и официјализиран.















