Гвардиола спрема ремонт на екипата: Големо изненадување стигнува на Итихад

    Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола подготви неколку изненадувања за претстојниот преоден рок.

    „Пеп сака да ја промени крвната слика на целата екипа. Смета дека сегашната екипа му е престара. Сака да изгради нов Сити и му требаат нови десет играчи“, рече извор од Итихад.

    Засега “исплива“ само името кој Шпанецот сака да го доведе меѓу Граѓаните во идното лето, а тоа е напаѓачот на Борусија Дортмунд Пјер Емерик Обамејанг.

    Треба да се истакне дека Шпанецот во ова лето потроши неверојатни 220 милиони евра на засилувања, а очигледно е дека не планира да застане на тоа.