Барса сервира ладна одмазда на Јувентус за Алвеш!?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Не е Стефан Лихштајнер во прашање…

    Во Барса беа непријатно изненадени од заминувањето на Дани Алвеш, но и лути на Јувентус кој ја искористи клаузулата и го одведе Бразилецот.

    Во секој случај, Барса од тогаш бара десен бек, експериментот со Видал не успеа, сега Серхи Роберто игра десно, а како засилувања за јануари, се споменуваат Ивановиќ, Дарио Срна како и Стефан Лихштајнер од Јувентус.

    Но, тоа се би било потполнување на тимот, имено Луис Енрике сака некој млад играч кој ќе биде иднина на клубот.

    Како што пишуваат италијанските медиуми прва мета е Пол Лирола, Шпанец кој е играч на Јувентус, а на двегодишна позајмица е во Сасуоло.

    Скаутите на Барселона го гледале во ЛЕ во оваа сезона, а до нова година ќе бидат и на терените во Серија А, за да го гледаат Каталонците кој од младинската школа на Еспањол стигна во Италија.

    Јувентус има право на овој играч, меѓутоа, не е тајна дека тој сака одма на стигне на највисока сцена. Сега нема да има простор покрај Алвеш, а Барселона може да се појави како примамлива опција за враќање дома.

    Сепак, се прашува Јуве, се зборува дека и тие планираат да го вратат веќе во наредното лето, односно да ја прекинат позајмицата на пола, ако момчето биде нестпрливо, односно ако добие понуда од Барселона.