До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Изгледа дека желбата на играчот пресуди. Дали ќе го платат повеќе отколку што се очекуваше?
Јувентус веќе на крајот на летото испрати понуда за Франк Кеси кој одлично стартуваше во оваа сезона со Аталанта. Но, 10 милиони беше премалку.
Како што пишува „Кориере дело Спорт“ неколку месеци подоцна зделката е завршена. Јувентус со Аталанта се договори за репрезентативецот на БСК да се пресели на Торино, со бонуси таа сума за околу 20 милиони евра.
Кеси експлоадираше на стартот, иако играчот за врска постигна четири гола за екипата од Ломбардија, го сакаа Милан и Интер, како и англиските клубови, но тој сака во Јувентус.
За Бјанконерите не претставува проблем што ќе биде отсутен во јануари поради првенството на Африка, тие можат да го остават на позајмица во Аталанта до крајот на сезоната, тоа зависи од тоа дали Витсел ќе стигне во јануари.
Кеси, со Витсел и Бентакур треба да биде третото засилување за Бјанконерите кои ќе го реновираат средниот ред.
Ова момче во декември ќе наполни 20 години, во минатата сезона беше на позајмица во Чезена, Аталанта го доведе од Африка пред две години. Интересно стигна како стопер, сега е офанзивен играч за врска, а може да игра и како последен играч за врска.
За БСК одигра десет мечеви, а внимание на европските скаути привлече пред три сезони кога настапи на Мундијалот за селекции до 17 години.















