Гвардиола го претстави „новиот Сити“, сака да доведе десет играчи


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Пеп Гвардиола на раководството на Манчестер Сити претстави како тимот треба да изгледа во иднина.

    Шпанецот со своето тренерско знаење ќе проба во наредниот период да го врати трофејот на Итихад, а со луѓето кои го водат клубот одржа состанок и соопшти дека сака да направи комплетен ремонт во соблекувалната.

    „Гвардиола смета дека сегашниот тим е престар. Сака да игра со нов Манчестер Сити и му требаат нови десет играчи“, откри за британските медиуми извор од Итихад.

    Интересно е дека повеќе од половината фудбалери од првиот тим на Манчестер Сити се постари од 30 години, па така не ни чуди што Гвардиола сака да се реши од „старците“, а засега исплива само едно име кое сака да го доведе.

    Наводно се работи за напаѓачот Пјер Емерик Обамејанг, кој покрај Манчестер Сити уште го сакаат гиганти како Реал и Пари Сен Жермен.

    А според медиумите второ име што се појави е  левиот бек на Бенфика, за тоа повеќе ТУКА.