Милански Интер доведе млад фудбалер за 500 000 евра


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Милански Интер ја активираше клаузулата и го откупи фудбалерот на Кремонезе и албански напаѓач Реј Манај.

Овој 19-годишен кој игра на позиција „деветка“ веќе имаше шест настапи во првиот тим на Нероаѕурите. Се проценуваше дека чини околу пола милион евра.

Кремонезе издаде соопштение во кое истакнува дека Интер ја активираше клаузулата дека го откупи овој млад играч кој досега одигра еден натпревар во дресот на А репрезентацијата на Албанија.