До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Младиот фудбалер на Вердер од Бремен Серж Гнабри имаше деби од соништата за репрезентацијата на Германија.
Овој 21-годишен во дуелот со Сан Марино постигна хет-трик и така на идеален начин ја започна својата репрезентативна кариера, а беше да се очекува за после тоа да стане хит во Германија.
За него експресно интерес покажаа некои големи клубови, а не е никакво изненадување дека водечки во тоа е Баерн Минхен кој традиционално во своите редови ги доведува најдобрите млади играчи од истанатите клубови од Бундеслигата.
Дека и самиот Гнабри со драга воља би заиграл за Баерн потврда е и изјавата која ја даде за германските медиуми.
„Јас сум тип на играч кој сака предизвици. Дефинитивно можам да се замислам во Баерн и ќе направам се што можам за таму да се наметнам“, рече младиот фудбалер.
Претстојниот преоден рок ќе даде одговор на прашањето дали Серж Гнабри ќе направи трансфер од животот, а реално е да се очекува Баерн пред или подоцна да го доведе овој фудбалер кој едно време помина и во Арсенал, каде што не се наигра.















