Насри се кае што не го послуша советот на Венгер

    Насри денеска објасни дека се кае што не го послуша советот на Венгер кога го напушташе Арсенал.

    Насри во 2011 година од Арсенал премина во Манчестер Сити, а токму во тоа лето Венгер му препорача премин во ПСЖ.

    „Леонардо ме сакаше во Интер, а тогаш и во ПСЖ, а Венгер ми рече да одам во ПСЖ. Ме сакав тоа да го направам во тој момент и тие подоцна го доведоа Пасторе. Навистина мислам дека добро ќе се снајдев во ПСЖ, но што е тоа е, сепак се каам што не го послушав“, рече Насри.

    Да потсетиме, Насри веројатно го одби ПСЖ бидејќи во текот на кариерата беше член на нивниот голем ривал Марсеј.