Барса најде замена за Луис Енрике?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Астуриецот може да ја напушти клупата веќе во наредното лето, во Барселона имаат план „Б“?

    Луис Енрике има договор до лето, засега неизвесно е дали ќе остане тренер.

    Преголем стрес, но и несогласување со дел од управата може да го натераат Астуриецот да замине. Тој дури прифаќа и опција да остане дел од Барселона во некоја друга улога, а клубот чека одговор од својот тренер, кога е во прашање следната сезона.

    Веќе имаат подготвена земена и тоа во помошникот на Лучо, Хуан Карлос Унзуе.

    Тој е дел од Барселона долги години, беше голман, но само пет пати ја чуваше мрежата на Каталонците на крајот на осумдесеттите, а работеше како тренер на голманите под Рајкард и Гвардиола, до заминувањето во Нумансија. Нумансија е всушност единствен клуб кој го водеше самостојно, се договори со Сантандер, но Кантабријците банкротираа.

    Од тогаш е помошник на Енрике, прво во Селта, па во Барселона.

    Добро го познава опкружувањето, роден е во Навара, во клубот кој го сака, има одличен однос со играчите и сигурно дека никој не би имал проблем да го преземе местото прв тренер.

    Барселона веќе тоа го направи еднаш, кога Гвардиола го наследи рано починатиот Тито Виланова. И тогаш  на Пеп е нудено да остане во клубот, но тој се реши да земе година дена слободо пред да заминеше во Баерн.

    Ќе видиме што ќе се случи со Луис Енерике, но Барселона размислува однапред, нема да доведе тренер од страна, сака да го сочува континуитетот и да продолжи со таа политика.

    Хуан Карлос Унзуе има 49 години.