Стеван Јоветиќ во недела ќе игра против идниот клуб


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Црногорецот може да биде прво засилување на Кинезите на инсистирање на тренерот.

    Во недела Милан и Интер ќе бидат ривали на теренот, а веќе после мечот може да се случи да се преселат на преговарачка маса и да се договорат за статусот на Стеван Јоветиќ. Монтела го сака Црногорецот во Милан, Интер нема желба да го задржи освен ако Пиоли не инсистира. Но кредитот на Пиоли зависи од резултатите…

    Миланска Газета дело Спорт пишува дека Јоветиќ многу лесно може да биде прво засилување на новите кинески сопственици во Милан.

    Монтела инсистира на доаѓање на црногорскиот напаѓач со кој имаше одлична соработка година дена во Фиорентина. На Милан е потребно засилување во нападот, а првата желба на Монтела е Јо-Јо.

    Јоветиќ одамна е желба на Росонерите, но до трансфер никогаш не дојде. Последен пат Милан пробуваше да го доведе во минатото лето кога Интер во финишот на преодниот рок пробуваше да се се реши од црногорскиот напаѓач и откуп на договорот од 14 милиони евра.

    Клаузулата сепак е активирана, но и Интер и понатака сака да го продаде Јоветиќ.

    Тоа што Галијани не успеа во последниот ден од летниот проеден рок, неговите наследници Мирабели и Фасоне можат во јануари, со парите на новите кинески сопственици. Мирабели и Фасоне без проблеми може да го завршат финансискиот дел од трансферот и да ја исполнат најголемата желба на Монтела.

    Црногорецот е целосно маргилизиран од почетокот на сезоната во Интер, одигра само 52 минути во четири меча кога влезе од клупа и не постигна гол. Единствена работа која може да го стопира трансферот е ако Пиоли го врати Јоветиќ во некогашната форма до јануари. За Јоветиќ се интересираат уште Вест Хем и Фиорентина.