Ремзи објасни зошто го избра Арсенал пред Јунајтед


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во јули 2008 година Арон Ремзи имаше можност да бира меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.

    Тогаш талентираниот играч за врска на Кардиф Сити беше предмет на борба меѓу Арсен Венгер и Алекс Фергусон, а при одлуката да премине во Арсенал пресуди тоа што почувствува дека повеќе го сака лондонскиот клуб.

    „Венгер направи многу кога ме доведе. Како 17-годишен летав со приватен авион (во Швајцарија во текот на ЕП), што беше нереално… Мислам дека донесов вистинска одлука.

    Почувстував дека Арсенал и тренерот Венгер повеќе ме сакаат“, рече Ремзи за влијателниот Скај Спортс.

    Во оваа сезона Ремзи поради повреда пропушти поголем дел од сезоната во ПЛ. Одигра само три натпревари.