Потврдено – Манчестер Јунајтед го следи овој Бразилец!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Потврди менаџерот на фудбалерот, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на младиот играч на Коринтијанс.

    Гиљерме Арана, млад фудбалер на Коринтијанс, може во блиска иднина да стане фудбалер на Манчестер Јунајтед.

    Овој млад играч има само 19 години, веќе го покажа целиот свој потенцијал во Коринтијанс и многумина сметаат дека дојде време да се проба во најдобрите клубови во Европа, каков што е и Манчестер Јунајтед.

    Еден од неговите менаџери бепе на Олд Трафорд во претходните недели, откријаа медиумите во Англија, а до договор меѓу Манчестер Јунајтед и Коринтијанс може да дојде веќе во јануари месец, кога почнува преодниот рок.

    Овој млад фудбалер игра на позиција лев бек, позиција на која прв избор е Лук Шо кај Жозе Мурињо.

    Доаѓањето на овој млад фудбалер може да значи изаминување на Дејли Блинд во иднина.