Мурињо објасни зошто го остави Руни на клупа


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите на денешниот меч од 12 коло од Премиерлигата одигрувајќи 1:1.

    Овој натпревар го почна од првата минута напаѓачот на тимот од Олд Трафорд Вејн Руни што беше и најавувано.

    Без оглед што Ибрахимовиќ беше суспендиран за овој меч, Мурињо се одлучи шанса да пружи на Рашфорд во нападот наместо Руни, а пред мечот ја појасни и причината:

    „Се одлучив да го ставам Руни на клупата. Се е во процес. Морав се да анализирам“, рече Мурињо веројатно мислеше за фотографијата на капитенот на репрезентацијата Англија каде што беше во алкохолизирана состојба во текот на репрезентативниот собир.

    Истотака, тој додаде дека мораше да пружи шанса на Марсијал кој се трудеше на тренинзите.

    „Сепак, се одлучив да пружам шанса на Марсијал кој одлично тренираше во минатите две недели затоа што не доби повик во репрезентацијата. Покажа голема мотивација за својата игра да ја подигне на повисоко ниво. Руни е добро. Дојде со мала повреда, но сега е во ред“, порача Посебниот.