„Задоволство е да видете како тим кој се бори за Скудетото слави бод во последните минути“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тренерот на Милан Винченцо Монтела беше очекувано разочаран, пренесува Гоал.

    „Момците одиграа одличен натпревар, жал ми е. Жал ми е за навивачите, претседателот Берлускони, но мислам дека сапак можеме дома да одиме со насмевка. Беше израмнет натпревар во кој Интер не заслужи да загуби, но Милан заслужи да победи.  Видовте колку тие се радуваа на голот во 92 минута како да го освоија Скудетото и еден вид сатисфакција за нас. Имаме најмлада екипа во Серија А, но нема да се ограничуваме бидејќи сакаме најмногу што можеме“.

    Да напоменеме и дека на миланското дерби од трибините го следеше и Марио Балотели иако во исто време неговата Ница играше кај Сент Етјен. Неговата екипа победи со 1:0 и остана прва на табелата, но Балотели сакаше да гледа нешто друго…