На фудбалер на ПСЖ забранет влез во Велика Британија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен соопшти денеска дека неговиот играч Серж Орие не е дозволен влез во Велика Британија, во преспрерт на натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите, поради судски процес во кој учестуваше во Франција.

    Орие на крајот од септември е осуден на двомесечна затворска казна поради тоа што во мај, по излезот од ноќен клуб во Париз, со лакт удри полицаец.

    Тој остана на слобода додека трае жалбата, но мораше да плати паричка казна. Орие ја негираше вината и рече дека е жртва на полициско насилство.

    Пари Сен Жермен соопшти дека одлуката за забрана за влез во Велика Британија на Орие е „несфатлива“ и дека тоа е напад на „интрегитетот на Лигата на шампионите“.

    Фудбалерите на Пари Сен Жермен играат утре во Лондон против Арсенал, натпревар од петтото коло во ЛШ.