Ѕвездата на Галатасарај на мета од клуб од Премиерлигата: 22 милиони фунти се спремни


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Турските медиуми тврдат дека Тотенхем планира да испрати понуда до Галатасарај од дури 22 милиони фунти8 за португалскиот фудбалер Арминдо Туе На Багња, попознат како Брума.

    Скаутите на лондонскиот клуб наводно веќе долго време го следат 22-годишниот крилен фудбалер, кој сите ги воодушеви во оваа сезона.

    Брума така веќе постигна четири голови и додаде на тоа три асистенции, а порано е поврзуван и со премин во Манчестер Јунајтед.

    Маурицио Покетино сака во јануари да доведе уште еден креативен играч, со цел да го освежи својот тим кој сеуште нема пораз во Премиерлигата.