„Знам што ми е потребно да направам вистински тим“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во минатиот викенд ремизираа на домашен терен против Арсенал со 1:1 во рамките на 12 коло од Премиерлигата.

    Навивачите на Црвените ѓаволи после мечот го искажаа своето незадоволство, поради тоа што Јунајтед повторно не успеа да слави на домашен терен.

    Сите потенцираа на тоа дека Мурињо во летото доведе големи засилувања, но дека сеуште не успеа да направи ништо конкретно.

    Португалскиот стручнак денеска повторно се огласи, и се одличи да открие на навивачите на Јунајтед што уште е потребно да создаде вистински тим.

    „Не можете се да решите во еден преоден рок. Навистина доведовме добри засилувања, но нас ни требаат уште минимано два преодни рокови со цел да создадеме победнички тим. Не можете да купите четири или пет играчи и да очекувате титула, ни треба време за тоа“, рече Мурињо.