До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Меси или Роналдо, Роналдо или Меси, овие двајца не прекинуваат да се престигнуваат, да се заобиликуваат во неверојатната трка.
Нивните рекорди никој нема да успее да ги собори во блиска иднина, само е прашање кој од нив двајца ќе бидат пред кога ќе ги завршат кариерите.
Лионел Меси и Кристијано Роналдо поставуваат нови рекорди по бројот на голови во ЛШ, односно во сите меѓународни натпреварувања.
Меси во оваа сезона веќе стигна до девет постигнати голови на само четири меча во групната фаза, додека Роналдо даде само два, па Аргентинецот прв стигна до бројката од 100 голови во сите натпреварувања.
Само во Лигата на шампионите, Роналдо води со три повеќе, 95:92 и ќе биде интересна трката кој прв ќе стигне до стотката само во елитното натпреварување.
Интересно, од активните играчи, меѓу првите 10 стрелци во ЛШ, покрај Меси и Роналдо, само е уште Карим Бензема, кој може веќе во оваа сезона да ги прескокни Алфредо Ди Стефано и Тиери Анри и да скокне на високото петто место.
Вечната листа на стрелци во ЛШ (болдирани се активните играчи:
| Играч | Голови | Мечеви | Просек | Период | Клубови |
| Кристијано Роналдо | 95 | 132 | 0,72 | 2003- | Манчестер Јунатед, Реал Мадрид |
| Лионел Меси | 92 | 110 | 0,84 | 2005- | Барселона |
| Раул Гонзалес | 71 | 142 | 0,5 | 1995-2011 | Реал Мадрид, Шалке |
| Руд Ван Нистелрој | 56 | 73 | 0,77 | 1998-2009 | ПСВ, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид |
| Тиери Анри | 50 | 112 | 0,45 | 1997-2010 | Арсенал, Барселона |
| Алфредо Ди Стефано | 49 | 58 | 0,84 | 1955-1964 | Реал Мадрид |
| Карим Бензема | 48 | 87 | 0,55 | 2006 | Лион, Реал Мадрид |
| Андриј Шевченко | 48 | 100 | 0,48 | 1994-2012 | Динамо Киев, Милан, Челси |
| Златан Ибрахимовиќ | 48 | 119 | 0,4 | 2001- | Ајакс, Интер, Јувентус, Барселона, Милан, ПСЖ |
| Еузебио | 47 | 63 | 0,75 | 1
961-1974 |
Бенфика |
Гледајќи ги сите три меѓународни во кои се натпреваруваа – ЛШ, Суперкуп на Европа и СП за клубови, Меси постигна 100, а Роналдо 99 голови.
Учинокот на Меси на интернационално ниво:
Лига на шампионите – 92 голови, 110 мечеви
Суперкуп на Европа – 3 гола, 4 мечеви
СП за клубови – 5 голови, 5 мечеви
Вкупно – 100 голови, 119 мечеви
Учинокот на Роналдо на интернационални натпреварувања:
Лига на шампионите – 96 голови (еден во квалификацитие за ЛШ), 136 мечеви
Суперкуп на Европа – 2 гола, еден ме.
СП За клубови – 1 гол, четири мечеви
Вкупно – 99 голови, 141 меч.















