До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Швеѓанецот на мета на Манчестер Јунајтед доби зелено светло од својот сонародник.
Жозе Мурињо ќе мора да ја засилува дефанзивната линија, а една од големите желби е Виктор Линделоф.
Дефанзивецот на Бенфика со своите добри партии привлече внимание на бројни големи клубови, а моментално најмногу се споменува Манчестер Јунајтед.
Јунајтед веќе некое време го следи неговиот развој и напредок во Бенфика, а Ибрахимовиќ верува дека е вистински момент за 22-годишниот дефанзивец да премине во голем клуб.
„Мислам дека Виктор веќе сега прави големи работи на терен, игра одлично за Бенфика, важен е за шведската репрезентација, напредува и порасна во голем играч“, рече Ибрахимовиќ и додаде:
„Дали е доволно добар за Јунајтед? Мислам дека е спремен за поголем чекор во кариерата, но на него е да одлучи и да избере најдобра опција. Не сум сигурен дека Бенфика сака да го продаде, па така на него е да види што ситуацијата му наложува и што е најдобро за него“, истакна Ибрахимовиќ.
Да потсетиме, покрај Линделоф на мета на Јунајтед се уште тројца дефанзивци, повеќе за тоа ТУКА.















