До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Талентираниот фудбалер на Селтик Муса Дембеле се наоѓа на мета на неколку големи европски клубови.
Дембеле во Селтик стигна во летниот преоден рок од Фулам и одма се покажа дека ќе биде големо засилување за екипата на шкотскиот гигант.
Селтик во трката за Дембеле победи неколку големи англиски клубови кои сега го обновија интересот за младиот Французин, на кого не му преостана ништо друго туку и самиот да се огласи за шпекулациите.
„Секојдневно читам што се пишува, но можам да ви речам дека моментално знам само за еден клуб а тоа е Селтик. Не размислувам за заминување бидејќи само што стигнав. Со овој клуб имам повеќегодишен договор и треба уште долго да играм за Селтик“, рече Дембеле, кој додаде:
„За мене е големо искуство да се игра во Лигата на шампионите. Го почувствував тоа задоволство и горд сум, а догодина сакам уште подобри резултати. Мислам дека моментално сум на идеално место за развој и напредок“.















