Капитенот на реномиран италијански клуб повреди тројца соиграчи на тренинг


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во италијанската Серија А се случи незапаметен детал, капитенот на Удинезе повреди тројца соиграчи.

    Бразилскиот интернационалец и капитен на „Зебрите“ Данило успеа на еден тренинг, да го вработи медицинскиот персонал на својот клуб во три наврати.

    Тој имено со неколку повеќе од оштри стартови прво го повреди Али Аднан, потоа го натера лекарскиот тим да помогне и на Венецуаелецот Адалберто Пенјаранда, а потоа “невнимателно“ стартуваше и над Франческо Лоди.

    Тренинг мечот на два пати е прекинат, Данило и Лоди на два пати се расправаа, а Дел Нери мораше да го испрати Бразилецот на предвремено туширање.

    Од клубот издадоа соопштение во кое бараат извинување од својот капитен, а медиумите во Италија пишуваат дека Бразилецот може да остане и без лентата.

    Данило веќе е познат по разни контроверзни ситуации, уште додека играше во Палмеирас во 2011 година беше обвинет за расистички испади, а призна и дека дека го навредуваше и плукаше дефанзивецот на Атлетико Параненсе Моноел.

    Пред четири години имаше и проблем во Удинезе, кога се тепаше со соиграчот Микеле Пациенца во тунелот на патот кон соблекувалната.