До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед вечерва на своите навивачи конечно им приреди натпревар од кој може да бидат и повеќе отколку задоволен.
Црвените ѓаволи на Олд Трафорд го совладаа Фејенорд со 4:0 и така се приближија до пласман во 1/16 фианлето на ЕЛ.
На првиот гол се чекаше до 35 минута. Ибрахимовиќ го проигра Руни кој рутински погодува за водство на Јунајтред од 1:0 и тоа е резултат од првото полувреме.
Во 69 минута Руни во улога на асистент, а овој пат стрелец е Мата кој постигна гол за 2:0. Џонс во 75 минута несреќно го совлада својот голман и донесе на Јунајтед водство од 3:0. Претходно шутираше Златан Ибрахимовиќ, кој вечерва не успеа да се запише во стрелците.
Конечните 4:0 ги постави Лингард во судиското продолжение на времето.
Во групата А води Фенербахче со 10 бодови, а следи Јунајтед со 9, Фејенорд со 7 и Зориа со 2 освоени бодови.
Олимпијакос во групата Б ремизираше со Јанг Бојс со 1:1.
АЗ Алкмар во групата Д направи голем чекор кон пласман во наредната фаза со победа над Дундлак во гости.
Во натпреварот Сент Етјен и Мајнц немаше погодоци, а ова реми одговара на францускиот тим кој го задржа второто место во групата Ц.















