Лестер го доведува рекордерот на ЕП во Франција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Англија екипата на Лестер во летниот преоден рок ќе проба да го ангажира човекот кој вчера постави рекорд на ЕП во Франција.

Се работи за репрезентативецот на Ирска Роби Брејди кој вчера стана рекордер бидејќи го постигна најбрзиот погодок во историјата на првенствата од белата точка.

Брејди моментално е член на Норвич, но неговата екипа испадна од ПЛ, па Брејди сака кариерата да ја продолжи во најсилниот ранг на англискиот фудбал. Неговата цена е некаде околу 10 милиони фунти, но Норвич моментално не е во ситуација да бира, па ќе мора да го продаде за значително помала сума бидејќи испадна во Чемпионшип.