Поклонот од Валас и фантастичниот погодок на Наинголан доволни за молк на синиот дел од Рим


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште четири натпревари се одиграа од петнаесетото коло од Серија А.

Сасуоло на домашен терен го декласира Емполи со 3:0. Два пенали беа досудени во првото полувреме за домашните. Пелегрини и Рици погодија од белата точка за водство од 2:0. Конечните 3:0 ги постави Рагуша во второто полувреме.

На Луиџи Ферара, Сампдорија славеше со 2:0 против Торино. Погодоците беа постигнати во второто полувреме. Барето му донесе водство на Сампдорија, а победата ја потврди резервата Шик во 95-та минута.

Пескара во последните минути од натпреварот успеа да се избори за бод против Каљари, 1:1. Бориело во 24-та минута му донесе водство на гостите. Во првото полувреме Каљари остана со фудбалер помалку на теренот откако црвен картон доби Ди Џенаро. Пескара се спаси од пораз во 92-ра минута кога Капрари ја затресе мрежата на гостите.

Во дербито на колото одиграно на Олимпико помеѓу Лацио и Рома, гостите славеа со 0:2. Првото полувреме помина без посериозни шанси за погодок на двете страни. Рома нападна во второто полувреме, а во 64-та минута дефанзивецот на Лацио, Валас дриблаше пред својот шеснаесетник, Стротман му ја зеде топката и погоди за водство на Рома. Две минути подоцна Лацио остана со фудбалер помалку на теренот бидејќи директен црвен картон доби Каталди. Победата ја осигура Раџа Наинголан кој постигна фантастичен погодок од далечина.