Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јуве е на врвот но неизвесност има уште.
Позади Јувентус се Милан и Рома со по -4 бода, следуваат Наполи, Лацио и Аталанта со -8 бодови.
И на дното е интересно, Kротоне како да оживеа иако многу го отпишаа, а на дното е и Палермо, каде Зампарини менува тренери како што играчите чорапи. Досега имаше доста интересни натпревари, после 3 дерби ова коло до крајот на годината ни следуваат уште интересни натпревари: Торино – Јувентус, Рома – Милан, Интер – Џенова, Јувентус – Рома, Милан – Аталанта, Наполи – Торино, Лацио – Фиорентина, Интер – Лацио и Фиорентина – Наполи.
А интересен податок дека Серија А е доста изедначена доаѓа и од фактот дека сите тимови имаат веќе по 3 изгубени натпревари. А тоа последен пат се случи во далечната сезона 1942/43.