Тие ќе бидат новите европски ѕвезди: Ова е идеалниот тим на најубави изненадувања во ЛШ

Медиумите направија екипа од играчи кои во оваа сезона во ЛШ покажаа дека би можеле да бидат нови ѕвезди на европскиот фудбал.

Тимот со пријатни изненадувања во ЛШ изгледа вака:
Ливаковиќ(Динамо) – Сидибе(Монако), Фелипе(Порто), Јоргенсен(Копенхаген), Менди(Монако) – Кафу(Лудогорец), Н`Зонзи(Севиља), Кампл(Баер), Лемар(Монако) – Силва(Порто) и Азмоун(Ростов).

Вреди да се издвои одличниот напаѓач на Ростов, Сардар Азмоун. Единствено тој заедно со Роберт Левандовски успеа да ја пробијат цврстата одрбана на Атлетико.

Иранецот има 21 година, а постигна гол и против Баер, во првата победа во ЛШ на својот клуб.

За него интерес покажа Ливерпул.