Марадона позираше со дрес на Црвена Звезда!

Црвена Звезда на твитер објави интересна фотографија.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона се сликал со дрес на Црвена Звезда и тоа беше објавено.

„Најдобриот со најдобрите. Марадона ја подржува Звезда“ – стои во описот на сликата

Марадона како играч имаше прилика да заигра за Звезда во 82′ кога со Барселона играше 1/4 на купот на куповите против Звезда, каде Каталонците славеа со 4:2, а Марадона го постигна еден од своите најубави голови.