Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
НБА кариерата некогаш може да служи како инспирација за филмови со неверојатен крај.
Една од таквите е кариерата на Бен Волис.
Овој 206 см висок центар на Детроит на крајот од минатата сезона ја заврши кариерата, но неговиот пат до успехот беше навистина тежок.
Кариерата ја започна во Италија, бидеќи не помина на НБА драфтот во 1996 година. Потоа потпиша договор со Вашингтон, каде остана до 1999 година кога потпиша 1-годишен договор со Орландо.
Година подоцна преминува во Детроит каде започнува бајката.
Волис во 2004 година ја освои НБА титулата, а беше прогласен и за најдобар одбранбен играч во НБА лигата, на Ол-Стар настапи 4 пати, а дури 5 пати беше избран во најдобрата 5-ка.
По Детроит играше за Чикаго и Кливленд, а кариерата ја заврши во Детроит.
Волис е играч кој одигра најмногу НБА натпревари како играч кој не беше избран на драфтот. Веднаш зад него е Џонсон.