„Судиите се заштитени како лавови во зоолошка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Петр Чех ја игра својата 12 сезона во Премиерлигата, а со Арсенал ја оствари најлошата низа.

Имено, чешкиот голман во последниот седми натпревар прими гол, а тоа му е најдолга низа без празна мрежа откако е во Англија.

„Мислам дека раниот погодок во второто полувреме ни даде самодоверба. После тоа направивме повеќе притисок. Ние го контролиравме натпреварот дури и кога тие имаа повеќе посед, но вториот гол се промени.

Разочарани сме целата недела. Не освоивме ниту еден бод, но многу е до крајот и моравме да се концетрираме на својата игра и да се вратиме на победите“, рече Чех после поразот од Манчестер Сити од 1:2, а после рече дека од  Давид Силва кој беше во офсајд не можеше да ја види топката кај вториот погодок на Рахим Стерлинг.

„Играчите беа пред топката, не го видов ударот. Трчааа пред мене, не сум сигурен дали тоа беше Давид Силва или не, но не можев да ја видам топката бидејќи беше позади позади играчот“.

За Рахим Стерлинг тоа беше прв погодок во девет натпревари, а после натпреварот го пофали Јаја Туре.

„Во второто полувреме бевме агресивни и доминиравме. Заслужено победивме. Ихеаначо и Рахим беа брилијантни, тие не носеа до победата. Натпреварот ја одлучи тактиката, бевме попаметни. Арсенал во нападот имаат паметни играчи како Алекс и Волкот, но нашата одбрана беше добра. А во нападот ние го имавме фантастичниот Стерлинг кој одбработи многу, многу добра работа“, рече Туре за Скајспортс.

Арсен Венгер (пре)често му замеруваат дека се жали на судиите, но се чини дека тренерот на Арсенал во неделата имаше многу право да биде огорчен. Арсенал првиот гол го прими  наводно офсајд на Сане, а потоа Чех откри дека кај вториот гол му пречеше Силва, кој истотака беше во недозволена позиција.

„Во првите 45 минути бевме опасни и оштри, а тогаш во второто полувреме физички паднавме. А покрај се тоа и судиските одлуки беа против нас. Кај двата гола беше офсајд, со оглед на тоа дека се работи за ваков важен натпревар мислам дека се навистина премногу вакви одлуки на наша штета. Изгледа дека судиите на натпреварите се заштитени како лавови во зоолошка“.

Целата сезона се судиите против нас и денеска повторно морам да гледам како примаме два гола од офдајд. Но што да правам? Мораме да живееме со тоа и да анализираме поради што загубивме“, рече Венгер.