Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Дракслер се откажаа, вниманието е насочено на многу позвучно име…
Генералниот менаџер на Јувентус Џузепе Марота рече дека клубот може да испрати понуда за фудбалерот на Реал Мадрид Хамес Родригез.
Колумбиецот во минатиот викенд рече дека може да го напушти клубот поради мала минутажа кај тренерот Зинедин Зидан, а поради тоа го критикуваше капитенот Серхио Рамос.
„Се зависи од тоа како работиме во преодниот рок. Мораме да ја почитуваме состојбата во клубот, но Јувентус сака да биде меѓу најдобрите во светот и тоа секогаш ќе биде наша цел. Пред четири или пет години сигурно на себе не можевме да си дозволиме да потрошиме толку колку што потрошивме на Гонзало Игуаин или Миралем Пјаниќ, но сега можеме“, рече Марота Газета дело Спорт.
Тој додаде дека потенцијалот на клубот отскокна благодарение на одличната работа која ја извршува претседателот Андреа Ањели.
„Тоа значи дека можеме на себе да си дозволиме големи инвестиции во спортскиот дел, а секако по тој пат сакаме да продолжиме“, наведе Марота.
Медиумите шпекулираат дека Јувентус е заинтересаиран и за Јулијан Дракслер од Волфсбург, иако фудбалерот пред 18 години одби понуда од торинскиот клуб.
„Невозможно е Дракслер да дојде во Јувентус, поради тоа што ни пречеше кога не одби. Ако еднаш одбиеш таква шанса, Јувентус ќе побара некој друг“, рече Марота.
Тој додаде дека клубот е блиску до потпишување на договор со Матиа Калдара од Аталанта, но дека тој во Јувентус би преминал дури во 2018 година.
Фудбалерот на Зенит Аксел Витсел може да премине во Јувентус кога на крајот од сезоната ќе му истече договорот со рускиот клуб, а Марота наговести дека црно-белите се заинтересирани за Стивен Нзонзи од Севиља.
„Имаме добар однос со Севиља и ќе се распрашаме. Доколку инвестичката политика е на долг план, тогаш би било погрешно да не ја искористиме шансата“, наведе Марота.
После 17 кола во Серија А Јувентус е прв на табелата со 42 бода, седум повеќе од второпласираната Рома.