„Клиника за рехабилитација“: Доаѓа играч од Рома?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клубовите ширум Италија често ги испраќаат своите фудбалери на рехабилитација во помали клубови.

Во свое време Милан ги испрати Сусо и Нианг на позајмица во Џенова, а сега тие се важен дел од Милан.

Истото го направи Рома ова лето кога во Торино ги испрати Фалке и Кастено, а двајцата играат како препородени во тимот на Михајловиќ.

Изгледа овој потег им се допадне на Рома, па сакаат да го испратат Хуан Итурбе.

Тој никако не може да ја пронајде формата откако стигна во Рома за 30 милиони евра.

Минатата сезона беше на позајмица во Бурнмут, но ниту таму не играше како што треба.

Па по се изгледа дека Торино моментално е прва опција за позајмица.

Миха не би се жалел ако во тимот има уште еден напаѓач, а нема сомнеж дека Итурбе има потенцијал да ја најде својата форма.

Доколку нешто не оди по планови, Рома има и опција Б, а тоа секако е Џенова.