Интелектуалец во копачки: Два факултети, зборува 6 јазици


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата во ПЛ е интелектуалец во копачки. Тој има 2 факултети и зборува 6 јазици.

Хенрик Михтаријан е моментално најпопуларниот играч во ПЛ откако вчера постигна неверојатен гол во победата на Јунајтед против Сандерленд.

Михтаријан зборува 6 јазици, многу е интелигентен и талентиран фудбалер. Освен својот матичен Ерменски јазик, Хенрик зборува уште 5 јазици, а тоа се француски, руски, англиски, германски и португалци.

Тој има диплома од Институтот за кинезиологија во Ерменија, а некое време следел настава по екомонија на Институтот во Ст. Петерсбург пред да ја напушти Украина.

Неговиот татко Хамлет беше напаѓач во Арарат, најдобриот ерменски клуб во време на Советскиот сојуз. Тој одигра и 2 натпревари за Ерменија по распаѓањето на СССР.

Татко му бил најголем идол во детството и без него не би успеал да стигне до ова каде што се наоѓа денес.

„Секогаш сакав да станам познат фудбалер и морам да им се заблагодарам на родителите што ме поддржија во тој пат. Тие се голем дел заслужни за остварување на моите детски соништа.“

За жал, неговиот татко почина во 1996 година поради последица од тумор на мозокот, но семејството остана во фудбалскиот свет до денес. Неговата мајка Марина работа за Ерменскиот национален сојуз додека сестра му Моника е вработена во УЕФА.

Михтаријан пред ¼-финалето во ЛШ во 2014 година против Реал Мадрид изјави дека Зинедин Зидан му е еден од најголемите фудбалски идоли.

Во 2013 година Брендан Роџерс го означи Михтаријан како главна мета. Тој тогаш играше одлично за Шахтјор, односно постигна 25 голови во 29 натпревари.