Преку ноќ од просечен до еден од најбараните бекови во Европа – ПСЖ плаќа 7 милиони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првото засилување на Светците ќе биде замена за Грегори Ван Дер Вил.

Лоран Симан не одигра добро во првиот натпревар на Белгија на ЕП, па во продолжението шанса за да се докаже доби Томас Мение. Воодушеви. Младиот десен бек на Клуб Бриж преку ноќ стана еден од најбараните бекови во светот, па многу лесно би можел да ја напушти Про лигата. Француските медиуми соопштија дека преговара со ПСЖ.

Телевизијата Беин соопшти дека се е завршено. Некои работи не се знаат. На пример оштетата од 7 милиони евра колку што ПСЖ ќе издвои за да го задоволи раководството на Бриж. Тоа не е проблем за светците кои бараат замена за Ван Дер Вил.

За Мение има интерес и од Наполи.

Мение би можел да биде првото засилување на Унаи Емери бидејќи се искомплицира ситуацијата околу доаѓањето на Грегорж Криховиак од Севиља. Медиумите изгледа промашија кога соопштија дека ПСЖ е спремен да ја плати откупната клаузула од 50 милиони евра за Криховиак. Нудат 25 милиони евра. Андалужаните тврдоглаво остануваат на првата цена. Преговорите продолжуваат.