Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американката Микаела Шифрин беше најбрза на трката во Светскиот куп која беше одржана во Земеринг.
Шифрин за само 15 стотинки денес победи пред Теси Воурли, која ја победи за 78 стотинки предност и во вторникот на патеката Панорама.
Шифрин во провот возење имаше 8 стотинки предност пред Ребенсбург и 10 стотинки подобро време од Воурли, а 11-то време во второто возење беше доволно на Американката да стигне до победата.
Со две победи по ред во Земеринг, Микаела Шифрин сега има 115 бодови предност во вкупниот пласман во однос на Швајцарката Лара Гут.