Лукас Леива во наредните часови на медицински прегледи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул во јануари месец ќе ја напушти играчот за врска кој во клубот помина цели десет години.

Се работи за Бразилецот Лукас кој во наредните неколку часови треба да ги помине медицинските прегледи во Интер.

Леива во редовите на овој славен италијански клуб треба да стигне на позајмица до крајот на сезоната.

Да потсетиме дека Леива во оваа сезона не добива многу шанса за игра, а и кога добива игра на позиција стопер која не му одговара многу што се заклучи после неколку грешки.

Него во Ливерпул го доведе Рафаел Бенитез во 2007 година од Гремио, а неговиот квалитет навивачите на Ливерпул долго го оспоруваа.

Долго време се зборуваше за негово заминување, а наредната дестинација, како што стојат работите, ќе биде Интер.

Тој, според пишувањата на англиските медиуми, треба да ги помине медицинските прегледи во овој клуб во наредните неколку часови и на 1 јануари и официјално ќе стане нов фудбалер на овој клуб.

Леива во оваа сезона одигра осум мечеви во Премиер лигата. Во стрелците не се запишуваше.

Инаку, за репрезентатијата на Бразил запиша 24 настапи.