Новогодишен поклон за навивачите на старата дама – Во Торино доаѓа голема ѕвезда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми соопштија дека Алексис Санчез е голема мета на Јувентус во летниот преоден рок ако чилеанецот не го продолжи договорот со Арсенал.

Чилеанскиот репрезентативец, Алексис Санчез има договор со Арсенал до 2018-та година и не е тајна дека преговорите не одат во посакуваната насока.

Санчез отворено призна дека му недостасуваат трофеи во Лондон. Имаше понуда од Кина, но изјави дека сака да се фокусира на клуб во кој може да оствари европски успех.

Тутоспорт соопшти дека тоа би можел Јувентус.

Санчез така би можел да се врати во Серија А каде играше од 2007-ма до 2011-та година во Удинезе. Тогаш беше продаден на Барселона за 26 милиони евра, а во 2014-та година за 42.5 милиони евра стигна во Арсенал.

Освен Јувентус за Алексис заинтересирани се и Челси и Манчестер Сити.