Конте го враќа белгиецот од позајмица


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


На официјалниот сајт на Бетис пишува дека момчето кое помина една година на позајмица на Бенито Виљамарин ќе се врати на Стемфорд Бриџ.

Средниот ред на сините во продолжението од сезоната ќе биде посилен со Чарли Мусонда.

Младиот белгиски репрезентативец многу добро се покажа во Бетис и најверојатно ќе се бори за минути во Челси.

Мусонда беше доведен на Стемфорд Бриџ пред четири години од Андерлехт.

Овој 20-годишен фудбалер игра офанзивец, но може да игра и како крило.