Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми во последните неколку дена пишуваа за тоа дека младиот напаѓач на Лацио Сергеј Милинковиќ – Савиќ е на мета на Јувентус.
Наводо, пишувале дека Старата дама понудила дури 25 милиони евра за српскиот фудбалер кој со националниот тим (У20) освои СП во Нов Зеланд.
Меѓутоа,тој изјави дека нема намера да го напушти Олимпико,и дека никогаш не преговарал со Јувентус околу премин во актуелниот шампион на Италија.
Вистината како што вели, е целосно подруга:
„Ја обожавам Серија А. Ова е лига во која многу добро се снаоѓам. Но јас го сакам Лацио, сакам да останам во Рим. Јувентус не ме повика, тоа се само приказни. Сакам со своите соиграчи во ЛШ, тоа е нашата цел“, истакна младиот центафорд на небесно-сините, Сергеј Милинковиќ – Савиќ.
Младиот српски играч, успеа да избори место во стартните 11, и на 15 меча постигна три погодоци.
Својот фудбалски пат, Милинковиќ – Савиќ почна да го гради во Војводина, после што стигна во Лацио.