Куман и Конте ќе се борат за потпис со талентиран стопер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува специјализираниот портал Гол и Евертон се вклучи во борба за потпис на млад дефанзивец.

И птицата на гранка знае дека Антонио Конте има намера во Челси да доведе уште еден централен дефанзивец.

Многу имиња поминуваа по медиумите, а во неколку наврати е споменуван и дефанзивецот на Мидлзборо Бен Гибсон.

Младиот фудбалер кој кариерата ја почна пред шест години токму на Риверсајд, во оваа и во претходната натпреварувачка година остави многу добар впечаток.

Има 23 години, а незаменлив е во одбраната на тимот на Аитор Каранка, која е една од незгодните во лигата.

Сега за неговите услуги заинтересиран и Евертон, кој планира добро да се засили во оваа зима.

Прва мета на Карамелите е Вирџил ван Дајк од Сотон, но бидејќи за Холанѓанецот е заинтересиран и Манчестер Сити, а и Пуел баш не сака да го пушти да оди од Сент Мирен, јасно е дека на Евертон ќе биде исклучително тешко да го ангажира.

Поради тоа, направи план „Б“, желба е споменатиот Гибсон, а се чини дека младиот дефанзивец би бил вистинско решение.

Би учел од искусниот Фил Џагелка и со време може да биде негов вистински наследник.