Саки му порача на кралевите – Купете го Дибала


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марка ги запали навивачите на кралскиот клуб.

Историјата не научи дека кога Реал сака некој фудбалер на крајот и го добива, а шпанската Марка денес одлучи да ги запали навивачите на кралскиот клуб со насловната страна на која доминира Пауло Дибала со адекватен наслов „Купете го Дибала“.

Тоа е советот на Ариго Саки кој уште пред три години му го даде на Флорентино Перез дури аргентинецот беше обичен талентиран фудбалер на Палермо.

Според Марка, поранешниот тренер на Милан и на репрезентацијата на Италија ги задржа добрите односи со Реал чиј директор беше во 2004/05.

Марка соопшти дека старата дама оваа зима одбила две понуди за Дибала, прво 80 милиони, потоа 90 милиони евра плус Алваро Мората, но Саки во денешното издание го повторува истиот апел од пред три години „Купете го Дибала“.