Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Франција во последниот припремен натпревар пред настапот во квалификациите за Рио ја совлада селекцијата на Јапнија со 91:74, воедно тоа беше и последен натпревар за Тони Паркер пред домашните навивачи.
Искусниот плејмејкер одлучи од ова лето да и каже збогум на репрезентацијата, но пред тоа ќе им помогне на квалификацискиот турнир во Манила, а големи се шансите да го гледаме и на Олимпијадата.
“Им благодарам на сите кои беа со мене во овие прекрасни години. Се чуствувам горд што имав прилика да го носам дресот на Франција. Следните цели се Манила и Рио”– напиша Паркер на својот Твитер профил.