Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ беше многу задоволен по одбраната на првиот трофеј во 2017, во Доха.
Тој по добар натпревар го победи Енди Мареј и така ја прекина серијата од 28 победи на Мареј.
„Ова е дефинитивно еден од подобрите начини да ја почнете годината. Спасив 5 меч топки во ½-финале, а овде пропуштив 3 во вториот сет. За нас двајца не е чудно тоа што игравме три сетови. Борбата беше многу физичка, а на двајцата ни треба малку време за да се подготвиме за Мелбурн.“
„Многу ми значи, бидејќи во текот на последните 3 месеци во 2016 година не чувствував самодоверба на теренот, не играв многу добро. Да се почне годината со победа против првиот тенисер во светот и најголем ривал е почеток од соништата.“