Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освојувачот на Вимблдон од 1987 година, Пет Кеш смета дека Енди Мареј некое време ќе остане на првото место.
„Тешко е да не типувате на Ѓоковиќ во Мелбурн, но мислам дека Мареј никогаш не бил поблиску до титулата, тој заслужува да биде број еден.“
„Мислам дека Енди солидно време ќе остане на врвот, а задача на Ѓоковиќ е да го симне од таму.“
Новак го победи Федерер со 3:1, а потоа и Мареј со 3:0 за свој 6-ти трофеј во Мелбурн додека Енди изгуби во сите пет финалиња, од тоа 4 од Ѓоковиќ. Сепак..
„Мареј е психички постабилен и подобар од претходно, па ми изгледа опуштен. Имаше неверојатна година и би рекол дека тој е фаворит.“
Австралијан Опен се игра од 16 до 29 јануари.