Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на 19 национални антидопинг организации изјавија дека Русија би требало да биде суспендирана од сите натпреварувања. Покрај тоа, побарано е на Русија да и биде забрането да организира меѓународни натпреварувања.
Во извештаите кои беа направени минатиот месец се наведува дека повеќе од 1000 руски спортисти имале корист од допинг програмата која ја спонзорирале државата од 2011 до 2015 година.
Суспензијата на руските спортисти беше предложена на самитот на националните антидопинг организации во Даблин. Во соопштението на таа организација се наведува дека нивниот предлог ќе му помогне на спортот да ги остави темните времиња зад себе.
Руските атлетичари се суспендирани повеќе од една година поради допинг, а досега имаше повеќе неуспешни обиди да се прекине суспензијата.
Русија минатиот месец остана без домаќинството на СП во боб и скелетон, бидејќи голем број репрезентации објавија бојкот. Исто така, таа земја се откажа од организација на Светскиот куп во бијатлон, а одземено и е правото и на организацијата на натпреварување во брзо лизгање.
Наредната година, Русија ќе биде домаќин на СП во фудбал.
Извештајот за допинг во Русија го состави адвокатот Ричард Мекларен, а во него пишува дека спортисти од 30 спортови биле вмешани. Меѓу нив се голем број освојувачи на медали на ОИ во Лондон во 2012 година, ЗОИ во Сочи 2014 и СП во атлетика во 2013 година.
Предлогот за суспензија го поддржаа претставници од Австрија, Белгија, Канада, Хрватска, Данска, Русија, Естонија, Финска, Франција, Германија, Ирска, Јапонија, Холандија, Полска, Словенија, Шпанија, Јужна Африка, Шведска, Швајцарија и САД.