Дозволата пристигна: Челси ќе го проширува „Стемфорд Бриџ“!

Челси доби градежна дозвола за проширување на „Стемфорд Бриџ“.

Веќе долго време тимот од Лондон има план да го прошири стадионот. Поднесоа барање за документи, а се надеваат дека во стадионот ќе може да се вселат во сезоната 2021/22.

Дозволата е добиена со тајно гласање и се чека одлуката на градоначалникот на Лондон, Кан кој ќе го има последниот збор.

Ако потврди и тој, капацитетот на Лондон би можел да биде зголемен на 60.000.

Челси ќе мора да побара дозвола и за промена на стадионот во текот на изградбата на „Стемфорд Бриџ“. Па така Челси најверојатно ќе игра на „Вембли“ или во Твикенхајм.