Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добри вести за навивачите на Арсенал! Дури тројца играчи утринава потпишаа нови договори со Арсенал.
Станува збор за Кошчелни, Жиру и Кокелан кој е се подобар и подобар.
Тројцата французи се обврзаа да останат на Емирати до 2020 година што е добро за нив како и за клубот. Финансиски детали сеуште нема.
Да потсетиме на Кошчелни и Кокелан дека имаа договор до 2019, додека Жиру до 2018 година.
„Задоволни сме што овие играчи потпишаа нов договор со нас. Кокелан доста напредува последните неколку години. Жиру е доста комплетен играч, а Кошчелни е еден од најдобрите во тимот, лично верувам дека е и еден од најдобрите дефанзивци моментално“ – изјави Венгер.
Сега доаѓа прашањето дали договорите на Санчез и Озил ќе бидат продолжени. Дали клубот е спремен да им понуди по 120.000 евра неделна плата на овие клучни играчи.
Венгер има „змија во џебот“ дали овој пат некако ќе се отвори останува да видиме.