„Тери е важен играч, тој не оди никаде“

Последните денови од англиските медиуми се појавија шпекулации дека Тери ќе се пресели во Бурнмут на позајмица.

Сепак, откако тоа го демантираше тренерот на Бурнмут, сега со изјава излезе и Конте.

„Џон е многу важен играч за нас. Тој е одличен на теренот, но и во соблекувалната. Тоа покажува дека е одличен фудбалер, но исто така и голем човек. За мене фантастично е покрај себе да имам таква личност. Поради овие причини, Џон ќе остане со нас!“

Да потсетиме, Тери оваа сезона имаше голем борј на проблеми со повредити, а досега одигра само 5 натпревари во ПЛ, два во Лига купот и еден во ФА купот.