Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија денес стигна до 2-та победа на првенството во Франција и така се израмни со тимовите на Шпанија и Словенија по бројот на победи.
„Ова беше лажна слика за Ангола против Словенија. Ние знаевме дека не смее да се опуштиме, Ангола не е од врвот на светскиот ракомет, но има квалитет. Го видовме тоа на видео снимки од нивните натпревари.“
„Сами си ја направивме нервозата на почетокот, промашувавме зицери и грешки. Меѓутоа, на крај се си дојде на свое место. И покрај солидната партија има многу работи за поправање. Постоеше некој притисок, а не е воопшто лесно да се игра за Македонија кога се мора.“
„Луѓето го сакаат спортот, очекувањата се големи, очите на јавноста се вперени кон нас и ги разбирам осцилациите.“
Македонија во претходниот натпревар го победи Тунис, а во наредниот ќе треба да се соочиме со Словенија во понеделник од 17:45.
„Секој натпревар е тежок сам за себе, одиме чекор по чекор. Ја почитуваме Словенија, па затоа и ја предаваме фаворитската улога. Тие беа на ОИ, а имаат и играчи во поголеми клубови. Ќе се обидеме да се мотивираме и да ги изненадиме, иако тоа воопшто нема да биде лесно“
Кире Лазаров досега на првенството има постигнато 22 голови.